Градоначалникот на општина Кисела Вода донираше пакети на повеќе семејства од социјален ризик

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски донираше пакети на повеќе семејства од социјален ризик од општина Кисела Вода. Дел од пакетите со храна беа доставени и до хуманитарната организација “Свети Спас”

- Гладот е реален проблем и секојдневен предизвик за многумина, а хуманоста и солидарноста се вредности кои треба да ги применуваме во секој аспект на нашето општество. За Општина Кисела Вода, денешниот Светски ден на борба против гладот, е уште ден ден во кој даваме поддршка на социјално загрозените семејства и со низа хуманитарни активности и мерки. Покрај хуманитарни пакети кој и денес и повеќе пати во годината ги донираме, социјално загрозените семејства ги помагаме и преку субвенционирање на дел од сметката за електрична енергија. За нивните деца обезбедуваме бесплатни топли оброци во градинките и училитата, бесплатни часови по странски јазици и иформатика, бесплатни спортови. Минатата недела, во рамки на детската недела, во градинките организиравме хуманитарна акција насловена "Од дете за дете", каде пакетите што беа направени ги дониравме во хуманитарната организација "Свети Спас", порача тој. 

- Знаејќи дека се наоѓаме во тешка економска криза, која ги погодува сите, нашите мерки за поддршка не се наменети само за социјално загрозените, туку и за сите други наши жители кои имаат потреба од помош. Го објавивме јавниот повик за субвенционирање на набавка на огревно дрво. Исто така, претходно обезбедивме субвенции за печки на пелети и пелети како енергенс, финансиски ги поддржуваме сервисирањето на лифтови и фасади на објекти на нашата територија. Во нашите училишта имаме проектот бесплатно "Ранче за секое прваче", а наскоро и сите ученици ќе добијат бесплатни униформи, појаснуваат од општината. 

Светскиот ден за борба против гладот треба да биде само еден од многуте денови во кои сите заедно ќе ја подигнуваме свеста за солидарноста и хуманоста. За Општина Кисела Вода ова е континуитет кој ќе продолжи и во годините што се пред нас, велат од општината.