Градоначалникот на Кисела Вода вечерва со отчет за сработеното

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски вечерва ќе даде отчет за сработеното во изминатите две години. 

- Се наоѓаме на половина пат, на половина од она кога пред две години ја побарав вашата поддршка, а вие несебично ми ја дадовте.Сега е време за отчетност! Утре е денот кога заедно со вас се надевам ќе ја оправдам, со 90% реализирана програма за две години, иако ветена за четири и со проекти реализирани надвор од неа, сподели првиот човек на општината. 

Отчетот е закажан за вечерва, во 18:30 часот во домот на култура „Билјана Беличанец”.

- Мојата програма е речиси реализирана, а вашите идеи и потреби ќе бидат нова за она што следува. Ве очекувам! - порача Ѓорѓиевски.