Пожар избувна претпладнево во барака спроти „Дрво декор“ во Скопје.
Во тек е интервенција на екипи на противпожарната служба на Град Скопје за гаснење на пожарот.
Од противпожарната служба информираат дека во гаснењето на пожарот се вклучени осум возила.