Го лажела дека ќе му помогне да добие странски документи: Tетовец останал и без пари и без документи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(43) од Кочани.

Лицето како што соопшти полицијата се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на 2022, лице од Тетово ѝ исплатило 45.000 денари на пријавената, која го довела во заблуда дека ќе му помогне да добие странски документи.