Ѓорѓиевски положи свежо цвеќе пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и делегација од Општина Кисела Вода, денеска положија свежо цвеќе на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу во истоименото училиштето, кое денес го одбележува својот патронат.

- Кузман Јосифовски-Питу има големо значење во македонската историја. Запаметен е како еден од главните организатори на антифашистичкото движење и на НОБ во Македонија, како еден од првите македонски борци кои го добиле одликувањето Народен херој, како лик кој честопати поради своето храбро дело е нарекуван и Гоце Делчев на Народноослободителната борба. И токму затоа сме должни како Македонци да застанеме пред паметникот на овој голем херој и да му оддадеме чест, напиша Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека по завршувањето на реконструктивните зафати, ,,Кузман Јосифовски-Питу” 61-та година од постоењето ја започнува како првото целосно инклузивно основно училиште. Објектот има нов кров, термоенергетска фасада, нова сензорна соба, лифт за децата со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети, тактилни патеки, што има дополнителна важност ако е знае дека во ова училиште функционира Центар за поддршка на учење на ученици со попреченост.