Ѓоргиевски: Ќе останам ако треба цел ден, и утре ќе продолжиме на проблемите ќе им погледнеме во очи и директно ќе ги решаваме

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека денес е на своето работно место и ги решава проблемите. Во постот на Фејсбук тој посочува дека имал разговор со 70 граѓани кои оставиле контакт во некоја од службите во општината.

- “Со оние кои имаа потреба од лична средба, веќе ја остваривме или ќе ја остваривме во текот на денешниот ден. Мојот тим ги запишува барањата и веднаш пристапуваме кон нивно решавање. Особено ме радува тоа што некои граѓани немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат и некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина. Пријателски разговор, чисто да се видиме и да дадат поддршка за она што е сработено. Некои се дури и пријатно изненадени, велат дека во минатото не можеле никако да стигнат до градоначалникот, а не пак да ги побара телефонски. Приемот е многу позитивен. Ќе останам тука цел ден, а ако треба ќе продолжиме и утре.  Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба, во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе. На проблемите ќе им погледнеме во очи и директно ќе ги решаваме. Мојот народ мора да е задоволен! “се вели во објавата.