Герила акција за спас на Преспанското Езеро

Герила акција за спас на Преспанското Езеро. 

Доколоку не се зачува ова природно богатство, на местото на езерото ќе има копно, предупредуваат еко-активистите од овој регион. 

Ваква табла беше поставена на една од преспанските плажи, а идејата е надлежните да го вклучат алармот за спас на едно од трите природни езера со кои располага земјава. 

Бистрата езерска вода со температура од 24-28°С, долги песочни плажи, присуство на многу сончеви денови, немање на магловити денови, свежи ноќи, еколошки чиста средина, планини со бујна вегетација и изградени туристички капацитети, скијачки терени - се основите за развој на туризмот во Преспа. За жал, сето ова очигледно не знае да се искористи, па така од ден на ден Преспанското Езеро се соочува со еколошка катастрофа!