Герасимовски: Целосно го реконструиравме фудбалското игралиште за децата во близина на ССМ

Службите на Општина Центар ги поставија новата подлогата, оградата и головите на постојното фудбалско игралиште за децата што живеат во близина на зградата на синдикатите ССМ. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека детските и спортските игралишта се најзначајни за правилниот раст и развој на децата затоа се работи на нивна комплетна реконструкција.

„Во изминатиот период реконструиравме и направивме нови игралишта со цел децата да имаат правилен раст и развој, но и да се социјализираат, да го поттикнуваат натпреварувачкиот дух или, едноставно, да се истрчаат. Физичката активност е најважна во периодот на развој на нашите дечиња, затоа вложуваме во комплетна реконструкција на фудбалското игралиште, на кое децата од овој реон ќе може безгрижно да си играат и да се дружат“, смета Герасимовски.

„Минатата година Општина Центар реконструира неколку детски игралишта, спроти Градската болница, кај Градски ѕид и во Капиштец, и направивме ново инклузивно детско игралиште во близина на трговскиот центар ‘Зебра’. Општината и во идниот период ќе продолжи да вложува во проекти што го унапредуваат здравјето на нашите млади“, се додава во соопштението на Општина Центар.