ГАК: Малите борци Дуа, Ниа и Максим ги испративме дома

Нова успешна приказна ни доаѓа од Клиниката за Гинекологија и Акушертсво. Тројца мали борци го напуштија одделот за интезивна нега и си заминаа дома објавија од оваа клиника на социјалните мрежи

- По 78 дена лекување и бројни интервенции, во добра состојба си замина малата хероина Дуа Адеми. Родена е во 27-та гестациска недела, со тежина од 1020 грама, а семејството си ја дочека дома со 2900 грама.

- По 78 дена поминати на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, и малата Нила Ајдари замина дома. Таа се роди со само 850 грама во 28-та гестациска недела, а ја испративме со 2230 грама.

- И малиот Максим Андреевски си замина од ОИНТ, со него најмногу се дружевме, дури 82 дена. Максим се роди во 26-та гестациска недела со 1010 грама, а сега има 1810 грама.

На тројцата мали борци им посакуваме среќно детство, многу здравје, убави моменти и безброј радости. Само насмевки да им измамуваат на своите најблиски се вели во објавата.