Фото: Дојде време за најурбаниот градски фестивал - Денес стартува Пиволенд 2023 

Денес во Скопје со почеток од 18.00 часот стартува фестивалот наменет за пиење и дружење – Пиволенд 2023. Според органзиаторите, подготвени се два стејџа со повеќе од 50 изведувачи во овие три дена пред Спортскиот центар Борис Трајковски.  

Присутните ги очекуваа добра музика, ладно пиво и одлична храна. За сите заинтересирани, на главната сцена ќе настапат: Инфузиона2 (бендот од Шпанија), Дани Димитровска со својот бенд, Ареа и Куку Леле, додека на помалата, „2BEER OR NOT 2BEER“ сцена, се очекува настап на млади бендови и диџеи, но и легендите на македонскиот рокенрол. 

Организаторите напоменуваат дека начинот на плаќање ќе биде преку „xPressPay“: бесконтактен платежен систем кој го олеснува и забрзува процесот на плаќање, а преку кој добивате картичка која ја надополнувате со пари, Истата ќе важи и ќе се користи сите 3 дена.

Новина е што оваа година, по неколку годишна пауза се враќа игротеката за возрасни, бир понг, пикадо фудбалче и многу други игри ве очекуваат. Ќе има и студио за тетоважи како и демонстрација на кунфу вештина, но и стрелачка арена со лак и стрели.

Од организаторите Крафт Продукција пристигнува и апелот да се комзумира одговорно и да се избегнува возење на автомобили. Дојди - Види - Испиј на Пиволед 2023!