Екипите на „Водовод и канализација“ активно работат на расчистување и санација на дефектите во водоводната мрежа

Екипите на Водовод и канализација активно работат на расчистување и санација на дефектите во водоводната мрежа.

„Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.Софиска бр.19-приклучна цевка и ул.1788 бб-Визбегово-уличен дефект.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:реон Лисиче-контрола на шахти и рачно чистење сливници,ул. М.А.Ченто-Маџари-површинско чистење сливници,бул.Крушевска Република-Центар-рачно чистење сливници,реон Маџари-контрола на шахти и површинско чистење сливници и ул.Манапо-Карпош-контрола на шахти и површинско чистење сливници“ се вели во соопштението.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје додаваат дека посветено се спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.