Една улица од Волково доби фекална канализација

Завршено е поставувањето фекална канализација на улицата „43“ во Волково. Нашите заложби за урбанизирање на Ѓорче Петров секојдневно се реализираат на терен, информираше денеска градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојковски. 

-Жителите од оваа улица во должина од 200 метри со години претходно го имаа ова барање. Во моментов се врши приклучување на околните куќи на мрежата.  Нашите планови се улиците каде е неопходна интервенција да бидат опфатени веднаш и според урбанистичките програми за работа. Неодамна, Општина Ѓорче Петров заврши голем дел од фекалната и атмосферска канализација на улицата „Радушка“, а стартувавме и со целосна реконструкција на крак од истата улица, порача тој.