Двојна среќа: Маестро Симон Трпчески стана татко по втор пат!

Најдобриот македонски пијанист на сите времиња, Симон Трпчевски и неговата сопруга Даниела го проширија семејството.

Пред три дена  Симон и Даниела добиле двојна среќа, односно две машки близначиња.

Големата радост за приновата и проширувањето на семејството Трпчески, Симон ја прославил во друштво на најблиските, а како и секогаш така и сега, вешто го сокрија од јавноста овој значаен момент од нивната приватност.

Инаку, Симон и Даниела по 10 годишна врска стапија во брак во 2008 година од кој прво дете им е ќерката Лара.

Честитки до семејството Трпчески, да се живи и здрави синчињата, успешни и талентирани на мама и тато!