Две лица повредени во судир меѓу трактор и „пасат“ во тетовско

Вчера во 17 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека во близина на клучката за тетовско Жеровјане, се случила сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале трактор „имт 539“ без регистарски ознаки управуван од 33-годишниот И.Т. од тетовско Боговиње и патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 67-годишниот Ш.М. од тетовско Жеровјане.

Во несреќата, сопатникот од тракторот Г.Т.(60) од Боговиње се здобил со тешки, а возачот на „пасатот“ со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.