Двајца колеги се степале на паркинг простор во Скопје

Двајца колеги се степале на паркинг простор во Скопје 15 минути по полноќ.

На 23.09.2022 во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор во јавно претпријатие на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу вработените Г.Н.(46) и Н.Ш.(42), двајцата од Скопје, стои во денешниот билтен од МВР. 

 По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.