Два милиони денари од општина Бутел за социјално ранливи категории и болни граѓани

Два милиони денари за социјално ранливи категории на граѓани и граѓани со тешки здравствени состојби кои живеат во општина Бутел, соопшти градоначалникот на општината Дарко Костовски. 

- Во текот на оваа година потпишав директна финансиска помош на над 100 наши граѓани кои имаа тешки економско социјални состојби и сложени здравствени проблеми, соопшти првиот човек на општината на својот фејсбук профил.