Дрога пронајдена кај малолетник од Битола

Полицијата пронајде дрога кај малолетен битолчанец. 

- На 05.04.2024 во 17.00 часот во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, соопшти полицијата во дневниот билтен. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.