Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Го поминавме првиот месец од годината, а сега го очекуваме февруари.

Photo by Robson Hatsukami Morgan on Unsplash

Сега ги имаме сите планети во директен од, а во недела ни доаѓа полната Месечина во Лав, која ни носи малку интензивна енергија, но за добро. Таа има поттик да нè инспирира и да ни донесе мотивација.

Оваа недела ќе биде прекрасна за три хороскопски знаци.

Лав

Оваа недела вие сте главниот карактер во секоја приказна. Полната Месечина ја осветлува вашата прва куќа на самоизразување и ви помага да блеснете силно како и Сонцето кое е ваш владетел. Имате топлина во себе, но и самодоверба, а така привлекувате и различни енергии. Не е време да се оптоварувате со тоа што мислат другите за вас, туку да дадете сè од себе и да ги соберете плодовите од својата напорна работа.

Шкорпија

За Шкорпиите, оваа недела е во знакот на кариерата и јавниот имиџ. Тоа значи дека иако сте знак кој често не сака да биде во центарот на вниманието и се крие подалеку од другите, оваа полна Месечина е одличен момент да се посветите на проектите на кои работите. Вие сте еден од најамбициозните знаци во хороскопот, вие заслужувате признание, а тоа доаѓа оваа недела.

Водолија

Ова е ваша сезона кога Сонцето е во вашиот знак. Освен тоа, на 5 февруари, Сонцето ќе ја осветли вашата куќа на љубовни врски и партнерства. Имате големи барања во љубовта и тоа е во ред. Искористете ја светлината на полната Месечина за да се потсетите себе, но и другите колку е важно да бидете сакани и ценети.