Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Оваа недела, астрологијата ни носи многу интересни транзити.

Неделата започнува со полната Месечина во Риби, која ни носи можност да навлеземе во емоционалните води и да направиме некои промени кои се добри за нас. Ден потоа, започнува сезоната на балансираните  и прекрасни Ваги, која го означува и почетокот на есента. Ова е период на шарм и дипломатија, но и можност да ги решиме конфликтите.

Оваа недела ќе биде особено убава за три хороскопски знаци.

Близнаци -  се чувствувате креативно, романтично и енергично

Вие пристапувате на оваа недела со неверојатна позитивна енергија. Меркур, Венера и Марс испраќаат магија во вашата петта куќа на креативност, па голема е шансата да се вклучите во некои активности кои ве прават среќни. Ќе флертувате со личноста која ви се допаѓа, ќе се изразувате лесно, ќе комуницирате со другите и ќе се чувствувате како животот да е прекраток за да се извинувате и да се грижите што другите мислат за вас.

Вага -  сите ја забележуваат вашата промена

Вашата енергија се враќа и повторно се чувствувате како да блескате. Оваа недела го носи почетокот на вашата сезона што отвора можност за мотивација, но  и интроспекција. Сега е време да рефлектирате на вашиот живот, одлуките кои ги носите, но и да се запрашате што е она што го сакате од себе и од универзумот. 

Риби -  ја активирате вашата магија

Вие сте природно интуитивен знак, а оваа полна Месечина настапува во вашиот знак. Вие секогаш знаете што ќе се случи уште пред да се случи тоа. Ќе успеете да ја искористите својата моќ за да постигнете нешто што одамна сте го посакувале. Ова е период кој ќе ве потсети кои сте и колку сте способни.