Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Првата недела од март е релативно мирна, помагајќи ни да создадеме структура во нашите животи. 

Photo by Karsten Winegeart on Unsplash

Некои од нас бараат авантура или пак стимулација, а со Сонцето во Риби и месечината во Стрелец, можно е да посакаме да избегаме од реалноста. 

Кои знаци ќе имаат најубава недела?

Бик

Оваа прва цела недела од март ве инспирирада размислите за луѓето со кои соработувате финансиски и духовно, Бик. Со кого ја споделувавте вашата енергија и ресурси и зошто? Додека Јупитер, планетата на среќата, ги поминува своите последни 12 недели во вашиот знак, вие сте охрабрени да ги усогласите вашите цели и приоритети, што може да значи отсекување на луѓето кои ве искористувале и бегство од сето она што за вас е токсично. Искористете ја енергијата на четвртина месечина за да имате тешки, но разјаснувачки разговори, доколку тоа ви е важно. 

Последните шест дена на Меркур во Риби ќе ви помогнат да ги пренесете вашите мисли и чувства на начин на кој се чувствувате добредојдено и емпатично, особено кога станува збор за вашите пријатели и онлајн заедницата. Ако сте сакале да создадете клуб за книги или да се придружите на група за поддршка на Интернет, можеби ќе се чувствувате повикани да го сторите тоа оваа недела. 

Близнаци

Како што започнува неделата, размислувате за вашите односи и за тоа што функционира (или не функционира) во нив. Со оглед на тоа што вашиот владетел Меркур останува во Риби до 9 март, вашиот сектор на кариерата е активиран, па особено ќе бидете фокусирани на прилагодување на аспектите од вашето професионално патување кои се чувствуваат како да ве ограничуваат или ви се вишок. Клучот е да бидете интуитивно водени додека донесувате одлуки, дури и ако Марс, планетата на акцијата е во Водолија и ве поттикнува да размислувате логично. Најдете баланс помеѓу она што го кажува вашето срце и она што го мисли вашиот ум.

Овој викенд Меркур ги напушта Рибите и влегува во Овен на двомесечен престој. Ќе се чувствувате повеќе социјални, екстравертни, флертувачки и авантуристи под овој транзит, бидејќи го активира вашиот сектор на пријателство и социјалните мрежи.  Забавувајте се!

Риби

Риби, Месечината на Стрелец на почетокот на неделата може да ве натера да се чувствувате психички и физички исцрпени. Погрижете се да се грижите за себе и да најдете начини да создадете подобри граници помеѓу вашата работа и личниот живот, бидејќи големи се шансите дека сте се претерано во кариерата во обидите да се издигнете. Само кога се чувствувате духовно и емотивно центрирани, навистина ќе напредувате во вашата кариера, затоа не претерувајте.

Последните шест дена на Меркур низ вашиот знак ви помагаат да ги искористите медитативните техники за справување со стресот и неизвесноста. Но, во исто време, тоа може да доведе до тоа да бидете фатени во илузии, наместо да се соочите со реалноста. Штом Меркур ќе влезе во Овен на 9-ти, вашиот паричен сектор ќе се активира во следните два месеци и ќе почнете да размислувате на начин како Овен. Време е да се кренете и да не се плашите од сопствената моќ, Риби. На крајот на краиштата, ова е ваша сезона.