Детето, чија животна приказна никого не остави рамнодушен - одвај чека да тргне на училиште

Штгодишниот Иван од Волково со нетрпение го чека утрешниот ден 1 септември. Тој ќе биде прваче. Детето, чија животна приказна никого не остави рамнодушен, секој половина час ја прашуваше неговата баба уште колку часа има до училишното ѕвонче. Мал, но итар - треба да учам за да работам.

Директорката на училиштето во Ѓорче Петров денеска топло го пречека во училиштето и му подари ранец и школски прибор, што неговата баба не може да ги купи.

Шест годишниот Иван, најсреќен два дена претходно се поздравил со Охридското Езеро. Тој прв пат бил на одмор, храбро научил сам да плива. Одморот е донација од хуманитарната организацијата „Милосрдие“.

По направената сторија на „Канал5“ многу хумани луѓе и фирми им помогнаа на Иван и неговата баба Виолета. Иван е дотеран од глава до пети. Добил таблет, многу играчки. Од утре многу фирми ќе направат старата куќа и тоалетот. А Виолета е најсреќна што фирмата „Макоил“ го вработи нејзиниот син.

Иван живее со неговата баба и чичко. Мајката го оставила, а неговиот татко е во затвор. Од мали нозе прво што научил е дека животот е тежок. Светлината во домот е на краток рок, доколку не се платат сметките тој се уште ќе јаде, а ќе пишува на свеќа.  Неговата баба ќе може да зготви на малото плинско. Иван е најсреќен кога јаде сладолед, омилени му се корнетите. Ние му посакуваме убав почеток во училиште и слатки и среќни детски денови.