Дете каснато од куче скитник

Вчера, во Гази Баба од куче скитник било каснато мало девојче.

„На 25.07.2022 во 23.30 часот во Полициската станица Гази Баба, В.З.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник“, информираат од МВР.   

Засега, нема дополнителни информации поврзани со случајот ниту какви мерки се преземаат за решавање на проблемот со кучињата скитници.