Денеска Шилегов ќе додели награди и признанија на најдобрите средношколци од скопските средни училишта

Градоначалникот Шилегов, денеска ќе ги награди најдобрите средношколци, од скопските средни училишта. 

Во функција на пошироката јавна промоција и афирмација на врвните постигања на средношколците, под покровителство на градоначалникот Петре Шилегов, на иницијатива на Секторот за образование на Град Скопје, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација “Средба на првиот со најдобрите”.

На оваа средба, градоначалникот на 27 матуранти првенци на генерацијата (2014-2018 и 2015-2018) од 22 скопски средни училишта ќе им врачи специјални признанија и парични награди.

Манифестацијата ќе се одржи во денеска, со почеток во 13:30 часот во кино “Фросина” во Младинскиот културен центар.