Делови од три скопски општини утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија, утре (вторник) ќе останат:

-  од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улица Воин Драшковиќ (општина Ѓорче Петров)

-  од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Брсјачка Буна (општина Шуто Оризари)

- од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улица бр. 103 во нас. Волково (општина Ѓорче Петров).