Дали градоначалникот на Центар вчера вршеше притисок и агитираше на едно од местата каде се собираат потписи?

Оваа дилема се појави откако вчера на социјалната мрежа Х (Твитер) се објави фотографија од градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски како го набљудува процесот на собирање потписи за еден од кандидатите за претседател која се вршеше во просториите на општина Центар.

Она што зачудува е што вчера беше недела, неработен ден а сепак градоначалникот беше присутен на самото место, позади еден од шалтерите кои се наоѓаат во самата општина.

 Корисникот кој ја објави оваа фотографија пишува дека градоначалникот агитира и врши притисок врз граѓаните.