Да не се уништува опремата во парк-шумата „Водно“, апелира ЈП „Паркови и зеленило“

Изминатиов период чуварските служби на ЈП „Паркови и зеленило“ на реонот во парк – шумата „Водно“ регистрирале уништување на повеќе парковски елементи.

Се почесто се среќаваат уништени и оштетени информативни табли, корпи за отпадоци, оштетувања на видиковци, парковски клупи и маси за посетителите, што говори за вандалско и несовесно однесување кон истите.

„Потребата и значењето на парковскиот инвентар и нивната намена за одмор и рекреација е се поголема, особено во градските средини, како составен дел од програмската содржина при посета на парк – шумите, парковите и урбаното зеленилото. Оттука апелираме до посетителите да совесно и одговорно се однесуваат кон урбаната парковска опрема, како и кон природата“, стои во соопштението на ЈП „Паркови и зеленило“.