Д-р Пановски: Јас сум виновен за отказот на д-р Гроздановски, оној кој ја одобрил таблата не е ни опоменат

Д-р Никола Пановски, кој во овој период е постојано актуелен со своите објави на Фејсбук, искоментира дека тој е „виновникот“ што д-р Гроздановски веќе не работи, како казна за фотографирањето на таблата со повеќе печатни грешки.

Јас сум виновен, јас ја постирав, за белја мене ми го испрати, а јас на плажа со 5 деца, досадно, па го шернав – коментира доктор Никола Пановски откако неговиот колега д-р Мирослав Гроздановски, кој пред еден месец ја фотографираше погрешно испишаната табла за „дерматовенерологија“ во поликлиниката „Букурешт“, заработи отказ на три години до пензионирањето.

Од клиниката пак тврдат дека докторот го прекршил Законот за работни односи и не се појавил на работното место три последователни дена, без никакво покритие и најава. 

Сепак, д-р Пановски потсетува дека оној кој ја нарачал и одобрил за поставување спорната табла, се уште е на своето работно место и не е ниту опоменат.