Црна Гора е најекономична опција за летување

Иако традиционално е позната како дестинација за квалитетни и добри одмори, со безброј туристички атракции, Црна Гора сè уште е некако на маргините на европските и меѓународните патници.

Токму затоа познатиот американски магазин „Travel off Path“ реши да го сврти вниманието кон оваа земја, за која вели дека е една од најпотценетите летни дестинации во Европа.

Во својот извештај, магазинот наведува дека Црна Гора е веројатно најперспективната туристичка дестинација во Европа. Наведува неколку причини зошто треба да се избере Црна Гора за одмор, наместо веќе „извиканите“ дестинации како Грција.

Туристите со децении ја избираат Европа за својот одмор, а тоа стана тренд меѓу патниците. Со голем број луѓе кои доаѓаат во Грција, Шпанија или Италија, помалку познатите дестинации станаа вистинско богатство. Меѓу нив убедливо на прво место е Црна Гора.

Travel off path наведува дека Црна Гора е една од најекономичните опции за одмор, каде што можете да престојувате во високо рангирани хотели за релативно малку пари. Покрај тоа, постојат бројни хостели, апартмани или куќи за гости каде патниците можат да уживаат во многу прифатлива удобност.

Црна Гора нуди и содржини, бројни туристички атракции, природни убавини и непроценливо културно богатство. Од морето и бреговите, планините и националните паркови, сè е многу достапно за туристите. Исто така, оваа земја е позната по разни настани, фестивали и музички спектакли. Еден од нив, кој е веќе етаблиран и добро познат, е „Sea Dance Festival“.