Чувајте се од разбојници, нападната и ограбена жена сред „бел ден“

Двајца разбојници „оперирале“ вчера на пладне во Кисела Вода и ограбиле жена. 

На 15.02.2022 во 16.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.К.(43) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на ул.„Георги Димитров“ била физички нападната од две лица, кои притоа ѝ одзеле чанта со пари и лични документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.