Чистење и хлорирање на резервоарот за вода во Сопиште, можни прекини во водоснабдувањето

Во селото Сопиште денеска се можни мали прекини во водоснабдувањето поради чистење и хлорирање на резервоарот за питка вода „Сопиште“.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека прекините се можни од 9 часот и би траеле до завршување на интервенцијата.