„Чиј производ е Палчо” - Солза Грчева даде свој одговор на прашањето

Експратеничката Солза Грчева се огласи на Фејсбук со став околу првоосомничениот за двојното убиство кое ја потресе Македонија - Љупчо Палевски-Палчо. 

Еве што им порача таа на властите: 

- Постојано владини мегафони прашуваат: „чиј производ е Палчо”?

( за кој патем мора да важи презумпција на невиност, се додека не е осуден)

Мојот одговор е: на ова распаднато општество, на распаднатиот безбедносен систем, на корумпираното СЈО каде се продаваа и се уценуваше со прислушкувани разговори, на епидемиската корупција.

И сега се сомневам зошто мин. Спасовски јавно на прес го прогласи осомничениот за сигурен убиец, не почитувајќи го правото на невиност додека не се осуди?

Дали некој не му подготвува терен да бара политички азил со ваквите изјави (според Проф. Калајџиев)?

Дали некому не му одговара осомничениот да пропее?

Па зарем не се сеќаваме како „го избегаа” Груевски?

Затоа прашањето кое го поставуваат, треба самите тие да го одговорат.

Во меѓувреме јавноста бара правда за младата Вања и за фризерот Панче. Правда и вистинска работа на органите. Доста од манипулации!

Донесете го, докажете и осудете ги сите кои учествувале во овој грозоморен чин, вели Грчева.