Четворица вработени во „Идризово“ повредени во пожарот кој избувнал во женското одделение

Четворица вработени во затворот Идризово се повредени во пожарот кој избувнал ноќеска во женското одделение од затворот, пренесуваат медиумите. 

Неофицијално пожарот бил подметнат од затворенички кои запалиле постелнини и душеци.

Од МВР го потврдија случајот.

- Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите, соопшти МВР.

Засега нема официјална потврда за повредени лица.