Четири ракометарки на Вардар со покана да играат за селекцијата на светот

Четири ракометарки на ЖРК Вардар добија покана да играат за селекцијата на светот, што ќе биде водена од Мартин Амбруш.

Натпреварот е планиран за 21 јуни во Прага во организација на ракометните федерации на Чешка и на Словачка.

Покана за настап на овој егзибициски натпревар добија Амандин Лејно, Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Камила Херем.

Селекцијата на светот би одиграла натпревар против селекција на Чешка-Словачка.

Натпреварот е закажан за втората половина на јуни со цел да завршат сите клупски и репрезентативни обврски на играчите.