Бурни реакции откако на тротинетите во Скопје им се случи „страшен вандализам“

Социјалните мрежи од вчера „горат“ од фотографии од уништени, украдени и фрлени електрични тротинети кои требаа да бидат алтернативно превозно средство во главниот град. 

За жал, уште еднаш се покажа нашата (не) култура, а ова се реакциите на јавноста: 

- Ова со вандализмот на тротинетите е само доказ на генезата на забеганост. И Данте Алигиери да беше жив не ќе можеше да го опише и создаде 10от круг како што ние како народ можеме да допринесеме кон таа беда во раскош на тој круг. Лудило! Мора да си исклучен со мозокот да посегнеш кон таков чекор, друго објаснување веројатно има и веројатно е одраз на психолошка сосотојба. Веројатно сме лидери во создавање хаос!, пишува новинарот Сунаи Сабриоски. 

- Сега јасно ви е зошто сме депонија од земја на овој континент? Најлошото од човештвото живее во Македонија... 

- Како идеја за кај нас само ако има на секој тротинет по еден полицаец. Во старт неизводливо. 

- Поентата ми е за едно 100 години кога ќе созрее општеството...Ако созрее...До тогаш без камери, без казни, без полиција џабе е се. 

- Се крадат и уништуваат книги кои се поставени во јавни катчиња за да позајмиш, а не пак тротинети... Нема што да се објаснува, со култура, закони и организирање на систем сме многу, многу далеку. Едноставно е, има поединци и групи кои не е реално да се на слобода, ако сакаме да одиме напред.  

- Лидери сме во глупавост. Создавањето хаос е само природна последица.