Бројката на ученици во гостиварските училишта е намалена за 200 деца на полугодие, причината е отселување

Во јавноста како трагедија се опиша ситуацијата во врска со иселувањето на 50 дечиња од Штип и тоа за време на второто полугодие поради иселување на нивните родители во странство, но што да се каже за Гостивар каде оваа бројка е четири пати поголема.

Според податоците од општинскиот Сектор за образование, второто полугодие во училиштата на територијата на Гостивар почна со околу 200 деца помалку во школските клупи.

- „Во второто полугодие бројката на ученици во училиштата е намалена за околу 200, а причината за отпишувањето е заминување во странство“, наведуваат од Секторот.

Западниот дел во Македонија посебно градовите Гостивар и Тетово во последниве години бележат масовни иселувања и тоа во еден правец. Родителите барајќи подобри услови за живот си ги зимаат своите деца каде своето образование го продолжуваат во некоја од западноевропските држави.