Бранка од Бутел низ солзи: Ја загубив внуката во земјотресот во Сирија

Македонката Бранка Недељковиќ од Бутел, која над две децении живеела во Сирија пред да избега поради војната, во разговор со „Алфа“ откри дека нејзината четиригодишна внука е под урнатините по силниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.

Помладиот син во семејството Недељковиќ во обид да ги извлече двете деца и сопругата, не успеал да ја спаси ќерка си.

- Тие не се повредени, но девојчето... Почнале да паѓаат делови од кујната, трчал да ги спаси, го спасил едното дете, но не можел и другото, не можам ништо да го разберам и тој е потресен. Немаат струја, интернет, не може да комуницираме, вели Недељковиќ.

Недељковиќ открива дека со години е заглавена низ македонските институции, зашто помладиот син е роден во Сирија и не можел да дојде со него.

- Тој бара да се врати во Македонија. Не сака таму да живее, нема никаков живот, нема услови, раскажува Бранка.

Целата сторија може да се погледне во продолжение.