Бомбакис ја покани Бисера и заедно порачаа: Да се обезбедат сензори за деца со дијабет

Познатиоот инфлуенсер Кристијан Станковски, на јавноста познат како Бомбакис, денеска испиша нови картони, а друштво да ја пренесе значајната порака му правеше малата Бисера, девојче кое боледува од дијабетес. 

„Да се обезбедат сензори за деца со дијабет. Да им го олесниме детството“, се наведува во текстот испишан на картоните.

„Шернете на стори да стигне до тие што ги интересира СЀ, освен ваквите проблеми!“ - порача Бомбакис кој ја покани и Бисера да ја пратат пораката преку Инстаграм. 

Инаку Бисера е малото девојче за кое пред неколку дена јавноста дозна откако се снимаше видео-прилог за нејзината борба, а екипата беше избраката од летниковец во парк во Лисиче. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Bombakis (@bombakis)