Богевски со остар тон: Пиеле кафе додека “брзала” Брзата помош

Круме Богевски со остра критика откако медиумите објавија дека почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска.

- Јас сфаќам дека платите се ужасни!  Сфаќам дека не ви се работи на државно (иако трчате по партии за да се влезете на државна работа), парадоксално! Сфаќам дека и кога ќе отидете на работа саат покасно, пиете кафе и чекате да си одите дома саат порано. Сфаќам дека неколкумина работат за цела институција да ја држат на нозе затоа што немаат партиски грб, а им треба работата, па мораат! Ама кога веќе држите позиции каде животи зависат од вас, па стајте прст на чело, размислете! - вели тој во својата објава. 

- Не е дојдено до “епа ја ќе пиам кафе коа може и Светлана од кадрово да пие кафе”, за животи се работи! Стотици животи во македонските болници, секојдневно! Совест? Ама во државава од почеток мора секој да научи прво што е себепочит, почит кон постарите и поискусните, почит на правила и закони, а потоа се што следи! Одговорност мора да има, освен ако можеби кабелот е крив што пиеле кафе додека “брзала” Брзата помош, порача советникот во Советот на општина Кавадарци.