Бодрум - важи за луксузен, а сепак кафе може да пиете за 1 евро и да јадете за 3 евра

Бодрум има нешто што ниеден град на Медитеранот го нема.

Пред се остава без здив со античките споменици и култура и посебната атмосфера, но и со богата природа. Токму затоа и ова место е атрактивно летувалиште и примамлива дестинација за туристите.

Многумина го нарекуваат „Турција на грчки начин“, бидејќи Бодрум на прв поглед потсетува на Грција.

Градот се наоѓа на полуостровот Бодрум, на југозападниот брег на турското крајбрежје, на брегот кајшто се среќаваат Егејското и Средоземното море. Одалечен е неколку часа авионски лет од Истанбул и се наоѓа на пола пат меѓу Мармарис и Кушадаси.

Секоја улица има своја приказна која им се прераскажува на туристите. На секој чекор е очигледен медитеранскиот шарм кој е доказ дека на ова место со векови наназад Грците и Турците живееле и работеле заедни. Токму таму слогата секогаш била приоритет, а тоа се чувствува и ден денес во разговор со веселите мештани.

Борум уште е познат како „Сен Тропе“ поради големиот број на луксузни хотели, ресторни и суперјахти. Иако овој дел на крајбрежјето важи за монденски, цените сепак се прилагодени и за обичните турсити. Кафе во кафуле може да испиете по цена неповисока од 1 евро, а уличните специјалитети може да ги пробате по цена од 2-4 евра.