Бочварски: Транспортерите да се обратат до Здружението за да им биде издаден нов пасош по брза трака

Оние транспотери кои досега доставиле барања за нови паоши, деновиве ќе бидат контактирани од службите во МВР, објави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

“Барањата се препратени до МВР, разговарав со службите во Министерството. Ме информираа дека документите се предадени за работа во нивните управни служби кои ќе стапат во контакт со лицата заинтересирани да добијат патни исправи во наредните денови“, рече Бочварски.

Вчера од страна на здружението на транспортери добиена била листа со уште 20 лица, поикрај досегашните стотина, за кои се очекува да добијат по брза трака пасоши за да можат непречено да работат.

Бочварски апелираше до сите транспоретри на кои им е потребен пасош да се обратат до Здружението на транспортерите.