Блинкен нѐ помеша, наместо нашето знаме го постираше знамето на Северно Маријанските Острови

Вака изгледа знамето на Северно Маријанските Острови, мала островска држава сместена во Пацификот во близина на Гуам или поточната локација е помеѓу Јапонија, Филипини и Папуа Нова Гвинеја.

Вчера американскиот секретар за надворешни работи Антони Блинкен по грешка го постираше знамето на Северно Маријанските Острови на неговиот профил сакајќи да го покаже единството на НАТО.

За поголемиот дел оваа островска држава е тотална непознаница ниту пак дека воопшто постои, а камоли да им го знаете знамето. Но ете вчера американскиот секретар за надворешни работи ги направи прилично познати. Корисниците веднаш ја забележаа оваа аномалија па почнаа со прашања до твитер профилот на Блинкен да прашуваат што бара оваа мала островска држава помеѓу земјите членки на НАТО.

Грешката најверојатно беше забележана од страна на тимот задолжен за односи со јавноста па тој пост веднаш беше избришан за потоа додаден нов со истата слика но овој пат со нашето знаме.