БиХ бараат берачи на јаболка, дневница 1.200 денари

Овоштарите во Република Српска, БиХ, се подготвени да вработат илијадници берачи на јаболка, за што нудат дневници до 20 евра (1.200 денари).

Истакнуваат дека родот оваа година е како никогаш досега и дека најголем проблем им претставува недостигот на амбалажа за бербата.

 – Околу 1 септември почнува бербата на јаболка и тогаш ќе ни бидат потребни работници колку што никогаш досега не ни требале. Се работи за повеќе илјади работници кои ќе бидат неопходни за бербата која ќе трае околу два и пол месеци. Кој и да ни се јави, ќе биде вработен“, вели Драгоја Дојчиновиќ, претседател на Здружението на овоштари на РС.

– Работник за месец дена може да заработи од 500 до 600 евра. Дневницата е од 17 до 20 евра, со два оброка, кафе, некаде обезбеден превоз и сместување, појаснува Дојчиновиќ.