Бесплатни совети и поддршка за жртвите на семејно насилство од Ѓорче Петров

Скопската општина Ѓорче Петров потпиша Меморандум за соработка со Националниот совет за родова рамноправност, со што услугите на советувалиштето се достапни и бесплатни за жителите - жртви на семејно насилство. 

-Никој не треба да се соочува со психичко или физичко насилство од други лица. 141-700 е бројот на кој треба да пријавите и побарате бесплатна помош, велат надлежните. 

-Во иднина во план е да работиме на создавање и услови за локално советувалиште. Ова е наш придонес во борбата против оваа зачестена појава која, за жал, според полициските статистики е во пораст, информираше градоначалникот на општината Александар Стојкоски.