Бектеши: го зачувавме животниот стандард на граѓаните

Го зачувавме животниот стандард на граѓаните вака кажа министерот за економија Крешни Бектеши во гостувањето во СТУДИО 10 на ТВ24. Според деветиот пакет антикризни мерки граѓаните ќе го почуствуваат во јануари и на тој начин дури имало и подобрен животен стандард.Тој се осврна и замрзнувањето на цените чие траење ќе го продолжат се до носењето на законот за нефер трговски практики.

- “Денеска ќе имаме средба на која најверојатно ќе усвоиме продолжување на замрзнувањето на цените, односно оние замрзнати цени, а тоа ќе трае се до донесувањето на Законот за нефер трговски практики. Конечната одлука за загарантираните цени ја носи Владата по предлог на Министерството за економија“, вели Бектешки.

Тој вели дека Македонија е единствена држава од регионот каде просечната плата е зголемена повеќе отколку што е зголемена инфлацијата.

- Граѓаните да бидат спокојни оти Министерството за економија веќе има искуство со мерките за заштита на стандардот на граѓаните. Македонија е единствена земја во регионот во која просечната плата е зголемена повеќе од зголемувањето на инфлацијата. Имаме инфлација од 3%, а зголемување на платата за 15%, што значи дека одредени категории на граѓани имаат и подобрен стандард. Затоа сега решивме да ги поддржиме пензионерите, учениците и студентите во чии семејства има приходи до 50.000 денари и примателите на социјални давања, вели Бектеши.

Според Бектеши, за време на кризата најголема добивка имаа трговците на мало со неправедно зголемување на цените кои граѓаните со ниски приходи не можеа да ги покријат.