„Бејби бум“ во Зоолошката градина, се роди бебе хималајски тар

Изминативе денови сведочевме на многу среќни вести од скопската Зоолошка градина, каде се родија неколку бебиња, меѓу кои и загрозениот прстеноопашест лемур. 

Денеска повторно имаме среќни вести. 

Во Зоолошката градинка во Скопје овие денови се роди ново бебе од видот хималајски тар.

-Овие денови нашата страница повеќе личи како профил на некоја јасли група во градинка , но навистина имаме „Бејби Бум” во Скопје ЗОО. Ова е нашето ново бебе од видот хималајски тар - објавија денеска од Зоолошката градинка на својата фејсбук страница.