Атиџе, хероината од “Медена Земја“ во тешка здравствена состојба е пренесена во болница

Атиџе, хероината од “Медена Земја“ вчера поради лоша здравствена состојба најпрво со брза помош била пренесена во Св.Николе па потоа префрлена во болницата во Велес, ова го објави вчера Сузана Турунџиева на својот Фејсбук профил. Таа кажа дека Атиџе моментално е во Интерното одделение во велешката болница каде добро се грижат за неа.

Инаку Атиџе стана позната со документарецот “Медена Земја“ кој беше наш кандидат за престижниот Оскар и кој ги освои срцата на многумина. Таа долго време беше во фокусот на јавноста па дури и се организираа неколку акции се со цел да и се помогне околу реновирање на куќата. Една од оние кои и станаа добри пријателки и се грижат за неа е токму Сузана Турунџиева.