Aсфалтиран новиот кружен тек во општина Илинден

Во општина Илинден интензивно се работи на изградбата на новиот кружен тек на влезот во Општината, каде во текот на вчерашниот ден се изврши комплетно асфалтирање во два слоја. Овој кеужен тек е на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици „2“, „8“, „9“ и новопроектирана улица „10“ на влезот во Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на терен и истакна дека градежните работи се одвиваат со брза динамика и наскоро граѓаните на Илинден ќе добијат комплетно уреден кружен тек кој ќе придонесе поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот во овој фрекфентен дел од општината. 

-Досега завршено е асфалтирањето на сообраќајницата, а се планира и целосно партерно и хортикултурно уредување на просторот, како и поставување на ново јавно осветлување, информира Георгиевски.