Апелите не помогнаа: Верниците запалија коледарски оган

Загадениот воздух оваа година не ги спречи православните верници да ја продолжат традицијата на палење на коледарски оган.

Македонската православна црква (МПЦ), како и еко-активистите апелираа да не палат огнови поради големото аерозагадување, но тоа не помогна.

Верниците ја продолжија традицијата и со песни и греана ракија прославуваа низ цела држава.