Амбулантите полни, најголем дел од симптомите траат до недела дена, вели Д-р Трајковски за бранот настинки

Зголемен број на заразени со грип, настинка, но и ковид

Доктор Бојан Трајковски од Скопје ја потврдува алармантната состојба. 

- Традиционално постновогодишно многу болни, зголемен бројот на грип, ковид, настинка. Амбулантите полни, прегледи еден тон!

Сува кашлица, продуктивна кашлица, кашлица која трае со недели, течење на нос, затнатост, гребење во грло, отежнато голтање, омалаксаност, висока температура, нагони на повраќање, дијареа, болки по цело тело, вртоглавици, главоболки, намален апетит, дехидрираност, изгубен мирис и вкус, згазеност...се се ова симптоми кои ги среќаваме деновиве и кои тек ќе имаме прилика да ги гледаме особено поради тоа што како временските услови така и загадувањето не ни одат во прилог, пишува тој во фесјбук објава. 

Потврдува дека и ковидот е присутен. 

- Ковидот е секако тука, инфлуенцата се повеќе зема замав ама нема потреба да се вадиме од памет доволно е само трезвено размислување и симптоматска терапија. Најголем дел од симптомите траат до недела дена, додека само кашлицата знае да е исклучок и да потрае подолго. Ако удри тогаш само кревет, многу течности, одмор, НИКАКВИ антибиотици (освен ако има реална потреба) и трпение, ќе помине, советува доктор Трајковски.