Аки Рахимовски замина во вечноста со една од најубавите македонски песни

Аки Рахимовски денеска беше погребан во Загреб. Неговиот ковчег беше покриен со македонското знаме, а во вечноста неговите најблиски го испратија со песната „Зошто си ме мајко, родила“.

Тој ќе почива во Алејата на великаните на гробиштата Мирогој. 

На погребот говор одржа неговата ќерка, која му се заблагодари за се што направил за неа, но и за сите луѓе кои го знаеја. 

Аки голем дел од своето детство го помина токму во Скопје, па поради тоа и нашата Македонија засекогаш остана во неговото срце како дом.